Top Sport

Милевски: Сите ќе добијат шанса против Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација, утре во Стумица ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Ерменија.

Репрезентативците во овој натпревар влегуваат по поразот од Украина во Прага, по кој останааа без шанси за пласман на Европското првенство. Во слична ситуација, кога се работи за квалификациите е и Ерменија, со таа разлика што оваа репрезентаија во луд расплет би можела да ги скокне Хрватска и Велс на табелата и заедно со Турција да се квалификува на пренството.

„Поразот од Украина го оставаме зад нас, ќе извлечеме одредени поуки и ќе се фокусираме на тоа што ни претстои. За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија”, изјави селекторот Благоја Милевски, потенцирајќи дека очекува тежок и исцрпувачки натпревар.

Натпреварот ќе започне во 15 часот.

Scroll to Top