Џоел Дарлингтон, 20-годишниот велшки фудбалер, кој во минатото бил на проба во Манчестер јунајтед си го одзел својот живот поради постојаните повреди кои му ја уништиле фудбалската кариера.
Дарлингтон, кој играл за младинските репрезентации на Велс, во 2016/17 бил најдобар стрелец во велшкиот клуб Бејла таун, по што добил шанса да се проба во Јунајтед, но ангажманот му бил спречен поради скршена рака и повреда на ’рбетот.
По низата повреди, младиот фудбалер страдал од психолошки проблеми, и не успеал да ја продолжи кариерата како фитнес- тренер. На 18 март, по еден разговор со неговиот татко, тој бил пронајден обесен во гаражата во нивниот дом во северен Велс. Истрагата покажала дека тој оставил неколку проштални пораки.
This is terrible to see? 20-year-old ex Wales youth player Joel Darlington sadly took his own life on March 18 after battling Mental Health issues as a result from a spate of injuries ☹️
He was suffering from anxiety after enduring a serious long-term back injury
RIP Joel.? pic.twitter.com/yadbDoni1N
— MindBall (@themindball) August 16, 2019