Top Sport

Првпат од 2011 Баерн не започна сезона со победа (видео)

Баерн Минхен немаше најдобар старт на одбраната на титулата во Бундеслигата, откако се намачи да стигне до 2:2 реми против инспирираниот тим на Херта Берлин.

Баварците стигнаа до водство во 24. минута преку Роберт Левандовски, меѓутоа Херта успеа да направи целосен пресврт до крајот на првото полувреме. Прво, Ведад Ибишевиќ постигна интересен гол во 36. минута од мечот, за само две минути подоцна да му асистира на Марко Грујиќ за водство на гостите.

Тимот на Нико Ковач, кој загуби голем број на првотимци во текот на летото, успеа да извлече поен во 60. минута, со гол од пенал, повторно на Левандовски.

Scroll to Top