Штутгарт потврдија дека Херберт Гентнер, таткото на капитенот на бундеслигашот Кристијан Гентнер починал на стадионот по нивниот домашен меч против Херта Берлин.
Гентнер го одигра цел меч во кој беше асистент на победничкиот гол на Марио Гомез за 2:1 триумф. Тимот потврди на официјалниот веб-сајт дека таткото на капитенот починал на „Мерцедес-Бенц арената“ по крајот на мечот, најверојатно од срцев удар.
„Штутгарт со жалење известува за смртта на таткото на нашиот капитен Херберт Гентнер. Целиот клуб праќа пораки за сочувство за семејството Гентнер во овие тешки моменти“, се вели во соопштението на Штутгарт.
На овие пораки се приклучија и други клубови, како Херта и поранешниот клуб на Гентнер, Волфсбург, како и Џером Боатенг од Баерн Минхен.