Александар Трајковски во интервју за торинскиот спортски весник „Тутоспорт“ признава дека повторно би сакал да го реши мечот помеѓу Италија и Македонија во сабота, потсетувајќи се на славниот гол во баражот за пласман на СП во 2022.
Трајковски, на нему добро познатиот стадион во Палермо, го постигна голот во 92. минута со кој Македонија стигна до 1:0 победам а исто таака има постигнато гол и при 1:1 ремито против Италија во квалификациите за СП во 2017 година.
„Во вторникот наполнив 31 година и би сакал да прославам со гол, но би бил среќен да ги освоиме трите поени со гол на некој од моите соиграчи. Во Палермо тогаш, бев исцрпен и ако игравме во продолженија, селекторот најверојатно ќе ме извадеше од игра. Затоа се обидов со обидот од далеку. Знам дека можам да постигнам такви голови, а тогаш изгледаше како тоа да се одвива во некој филм. За нас беше тоа неверојатна побед, една од легендарните за кои ќе се зборува со генерции. Никој не веруваше дека можеме да ја победиме Италија“, вели Трајковски.
По четири сезони со Палермо, Трајковски има и фаворит за титулата оваа сезона во Серија А.
„Бидејќи мој идол беше Шевченко, ќе одам со Милан. Интер, Милан и Наполи остануваат најдобрите и оваа сезона, но исто така мора да се внимава и на Јувентус кои сигурно ќе се вратат“, додава Трајковски.
⚽️#Trajkovski e l'#Italia: "Quel gol lo conservo ancora nel telefonino" https://t.co/WtSbzGqd4R
— Tuttosport (@tuttosport) September 7, 2023