Top Sport

Трајковски ќе му биде ривал на Алиоски во саудискиот Ал-Фајха

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски е пред трансфер во саудискиот клуб Ал-Фајха, кој настапува во Саудиската професионална лига (СПЛ), каде што ќе му биде ривал на репрезентативниот колега, Езѓан Алиоски, кој од стартот на оваа сезона настапува во Ал-Ахли.

Трајковски во Саудиска Арабија пристигнува од данскиот Алборг, каде што играше како позајмен фудбалер од Мајорка.  Трансферот е направен од Агенцијата Џеваир Менаџмент, и „тежи“ околу 1.5 милиони евра.

Scroll to Top