Top Sport

Трајковски постигна гол, Палермо победи (Видео)

Фудбалерите на Палермо ја продолжуваат трката за пласман во Серија А. Вечерва екипата од Сицилија триумфираше во дуелот со Лече 2:1.

Победата, 12 во Серија Б, на Палермо ја најави македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. На почетокот на натпреварот во четвртата минута, Трајковски прецизно шутираше од 18 метри и го совлада голманот на Лече.

Водството на Палермо го зголеми напаѓачот Пушкаш во 52 минута. лече успеа само да го намали резултатот во 93 минута преку Табанели.

Во тимот на Палермо од стартот играа двајцата Македонци Трајковски и Илија Несторовски. Трајковски играше до 81, а Несторовски до 68 минута.

Палермо на табелата е на втората позиција со натпревар помалку и минус од два поени во однос на Бреша.

Scroll to Top