Top Sport

Трајковски со убав гол, Палермо само со реми против Чезена (видео)

Македонскиот интернационалец Александар Трајковски го постигна својот трет гол за италијанскиот второлигаш Палермо, кој беше доволен само за 1:1 реми на гостувањето кај Чезена.

Трајковски ги доведе Палермо во водство уште во деветтата минута, откако по уфрлувањето на Хаитам Алесами, ефектно ја затресе мрежата на домаќините.  Предноста на тимот од Сицилија траеше до 34. минута, кога Ламин Џалоу израмни за Чезена.

Со освоениот поен, Палермо останува лидер во Серија Б со 36 поени, два повеќе од тимот на Фросиноне, кои со 4:3 го совладаа тимот на Ентела. Илија Несторовски не беше во составот на Палермо поради повреда.

Scroll to Top