Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Иван Перишиќ (31) се наоѓа на крстопат во кариерата. Се уште е играч на Интер, има договор до летото 2022 година, но тренерот Антонио Конте не смета на неговите услуги.
Сезоната ја помина на позајмица во Баерн Минхен, но ниту Баварците немаат намера да го откупат неговиот договор.
Сепак, шпанските и англиските медиуми повторно ја фатија приказната за Манчестер Јунајтед.
Перишиќ во последните 2-3 години неколкупати беше доведуван во врска со англискиот клуб, но секогаш нешто искрснува, и трансферот пропаѓа.
Перишиќ овојпат се наоѓа во комбинација со Алексис Санчез. Чилеанецот е играч на „ѓаволите“ и е на позајмица кај „нероазурите“.
Италијанците сакаат да го купат Санчез, а во договорот да го вклучат и Хрватот.
Приказната има голема логика, но тешко е да се процени колку е блиску до реализација.