Top Sport

Кантер удри по Леброн: Кинеските пари пред моралот за „кралот“

Турската НБА ѕвезда, Енес Кантер уште еднаш „удри“ по „Најк“ и по нивната суперѕвезда Леброн Џејмс, велејќи дека „кралот“ на НБА кошарката ги ставил парите пред моралот откако остана тивок за сите обвинувања кон Кина.

Центарот на Бостон селтикс, честопати ја критикува американската компанија за своите фабрики во Кина, каде што според него има „робовладетелство“, а сега го нападна и Џејмс, кој иако е подготвен да зборува за неправдите кон Афро-Американците во САД и други социјални прашања, кога се работи за Кина, молчи бидејќи парите доаѓаат од таму.

„Парите пред моралот за ‘кралот’. Тажно е и одвратно како овие спортисти се преправаат дека се грижат за социјалнта правда. Кога големиот шеф (Кина) ќе каже, тие навистина ‘молчат и дриблаат’. Дали тој се едуцираше за робовите кои ги прават неговите патики, или тоа не е дел од твоето истражување“, пишува Кантер на Твитер.

Scroll to Top