Францускиот фудбалер од средниот ред, Тиемуе Бакајоко би можел по Милан да заигра во тимот на лутиот градски ривал, Интер, пишува „Спорт Медијасет“.
Фудбалерот на Челси кој е на позајмица кај „Росонерите“ наводно е во преговори да ја „промени соблекувалната“ на истиот стадион и да направи изненадувачки трансфер по жестоката расправија со тренерот Џенаро Гатузо.
На преминот во Интер „притиска“ генералниот директор на „сино-црните“, Џузепе Марота кој има пријателски однос со агентот на фудбалерот, Федерико Пасторели.
Милан има опција за 35 милиони евра да го задржи Бакајоко, но по последните случувања, Французинот се поблиску е до излезната врата на „Сан Сиро“. Новата позајмица на „нероазурите“ би ги чинела околу 6 милиони евра, со право на откуп на договорот од лондонскиот клуб за 30 милиони евра.