Top Sport

Трансфер бомба во најава, Ѓорѓевиќ го носи Теодосиќ во Виртус Болоња

Италијанскиот кошаркарски клуб, Виртус Болоња е заинтересиран во своите редови да го донесе српскиот интернационалец, Милош Теодосиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што се наведува, во наредните месеци ќе се интензивираат разговорите со Теодосиќ. Тренер на Виртус е Александар Ѓорѓевиќ, селекторот на српската кошаркарска репрезентација.

Плејмејкерот е без работа по отказот во февруари од Лос Анџелес Клиперс во НБА лигата, по што реши остатокот од сезоната да паузира. Оттогаш Теодосиќ одигра само два меча за Србија во квалификациите за Светското првенство.

Тој ќе биде дел од репрезентацијата на Мундијалот во Кина ова лето и со колегите ќе го бранат среброто освоено во 2014 година во Шпанија.

Scroll to Top