Францускиот фудбалер Орелјан Чуамени е нов играч на Реал Мадрид. Младиот фудбалер со актуелниот европски шампион ќе потпише договор на шест сезони.
Чуамени ќе биде претставен следниот вторник, откако ќе ги помине лекарските прегледи. Чуамени има 22 години и ја покрива позицијата последен играч за врска.
Кариерата ја започна во младинските категории на Бордо, од кој во 2020 година се пресели во Монако во трансфер вреден 18 милиони евра.
За тимот од Кнежевството одигра 95 натпревари и постигна осум гола.
Реал за неговите услуги ќе плати точно 100.000.000 евра.