Англискиот репрезентативец и играч на Тотенхем Хари Кејн изјави дека доаѓањето на Ерлинг Холанд и Дарвин Нуњез е „добра работа“ за Премиер лигата. Халанд од Борусија Дортмунд премина во Манчестер Сити, додека Нуњез во Ливерпул пристигна од португалска Бенфика за клупски рекорд од 100 милиони евра.
„Врвните напаѓачи од целиот свет со години играат во Премиер лигата. Нормално е врвните напаѓачи да сакаат да играат во Премиер лигата, а овие два потписи го покажуваат тоа. Тоа е добра работа за лигата“, изјави Кејн.
Кејн пред дуелот меѓу Англија и Унгарија во Лигата на нации изјави дека „добрата конкуренција“ му помага да напредува.
„Се обидувам да останам фокусиран. Пред почетокот на секоја сезона имам цели кои сакам да ги постигнам. Се трудам да не обрнувам премногу внимание на другите играчи. Мое е да продолжам да работам напорно и да се подобрувам”, додаде Кејн.