Голманот на словенечката фудбалска репрезентација, актуелен член на Атлетико Мадрид, Јан Облак има најдобар учинок во 21 век, објави „Трансфермаркт“.
Фудбалскиот портал објави попис од 30 најдобри голмани во овој век кои имаат најголем процент на мечеви без примен гол.
На врвот на листата е Облак со 54%. Неговата мрежа останала незатресена на 137 од 252 меча на кои бранел.
На второто место е голманот на Баерн и на Германија, Мануел Ноер со 47%, додека трет е легендарниот чувар на Јувентус, Џанлуиџи Буфон со 46%.
Во топ 10 има место и за екс-голманот на Тотенхем и Челси, Карло Кудичини со 45%, па следува Едвин ван дер Сар со 44%, Виктор Валдез со 44%, а ист процент има и Петр Чех.
Последните тројца во топ 10 се Дида, со 43%, Тибо Куртоа со 43% и Сантијаго Кањизарез со 41%.