Top Sport

Кошаркар на Милвоки е позитивен на Ковид 19

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Ерик Бледсо соопшти дека е позитивен на коронавирусот.

Плејмејкерот на првопласираната екипа на Истокот вели дека е асимптоматичен и дека одвај чека повторно да му се приклучи на тимот.

„Се чувствувам добро, штом ги исполнам сите протоколи, се враќам кај соиграчите во Орландо“ – изјави Бледсо за „ЕСПН“.

Тој е многу важен играч за Бакси. Сезонава постигнува во просек по 15.4 поени, 4.6 скока и 5.4 асистенции по меч.

Неговиот тим на 31 јули игра против Бостон Селтикс.

Scroll to Top