Пред една година Џуд Белингем го одбележа летниот преоден рок кога од Дортмунд во Реал Мадрид, а сумата која се споменуваше како обештетување и која се најде и на „Трансфермаркт“ е 103 милиони евра.
Нема сомнеж дека ги оправда очекувањата веќе во првата сезона и дека може да се пофали со освоени три трофеи со Реал (шампионална титула на Шпанија, титула европски шампион, европски Суперкуп). Англичанецот со Реал потпиша договор до 2029 година.
Сепак, овие освоени трофеи значат и дека Реал на тие 103 милиони евра веќе треба да им плати дополнителна сума на „милионерите од Дортмунд“.
Утрово на оваа тема пишува шпански „Мундо Депортиво“, кој го пренесува сознанието на германски „Билд“ дека споменатата сума веќе пораснала од 103 на 133,9 милиони евра.
Имено, на фиксната сума која првично беше исплатена, беа додадени одредени бонуси кои на Дортмунд.
Споменатиот извор наведува дека во првата година Реал Мадрид морал да плати 10 милиони повеќе на германскиот тим само поради освојувањето Ла Лига и Лигата на шампионите.
„Гледајќи ги многу високите перформанси на младиот Белингем во неговата прва година, вртоглавата трансфер бројка е амортизирана, но она што се истакнува е лагата, или што Реал само половично ја кажа вистината”, пишува Мундо Депортиво и потсетува дека не е првпат Реал да не ги објавува сите детали за трансферот, бидејќи нешто слично се случи и при трансферот на Герет Бејл од Тотенхем во Реал.
„Во Мадрид оваа практика на криење на дел од потписите кои надминуваат 100 милиони не е нова. Флорентино Перез, кога пропушти да го ангажира Нејмар во 2017 година, тргна по Герет Бејл. Тогаш Реал на Тотенхем не му плати 91 милион евра, туку 100.759.417 евра.
Точната бројка ја објави ‘Football Leaks’ каде што протече милионскиот договор меѓу клубовите. Што криеше Реал Мадрид во тој случај? Клубот успеа да ја скрие сумата од Роналдо. Целта беше Роналдо да не дознае дека има играч за кого клубот издвоил повеќе пари. Трансферот на Роналдо изнесуваше 94 милиони евра“, потсетува шпанскиот весник.