Деклан Рајс ќе го напушти Вест Хем во летниот преоден рок. За потписот на англискиот репрезентативец се борат Челси и Манчестер јунајтед. „Тајмс“, најавува дека трансферот на Рајс ќе ги урне сите рекорди во Англија.
Според овој извор, Челси или Јунајте ќе треба да платат оштета од 120.000.000 фунти (144.000.000 евра).
Договорот на Рајс со Вест Хем истекува во јуни 2024 година, на почетокот на година одби да потпише нов договор.
Трансфер-рекордот во Англија го држи Џек Грилиш. За него, Манчестер сити на Астон Вила и платија 117.000.000 евра. Втор на оваа листа е трансферот на Ромалу Лукаку од Интер во Челси за 113.000.000 евра.