Top Sport

Трансферот на Дуран најскап во преодниот рок , Сити потроши најмногу, Порто најмногу заработи

Заврши зимскиот преоден рок во најсилните европски и други светски лиги. Најскапиот трансфер го направи Ал Наср од Саудиска Арабија, ајмногу потроши Манчестер сити, а најмногу заработи Порто.

Специјализираната веб-страница „Трансфермаркт“ ја објави листата на Топ 30 најскапи трансфери оваа зима.

Најголемиот трансфер го направи Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија, кој долго време е дом на светските ѕвезди Кристијано Роналдо и Садио Мане. Младиот Колумбиец Џон Дуран пристигна во клубот од Астон Вила за 77 милиони евра.

Меѓу осумте најскапи трансфери оваа зима, четири направи Манчестер сити, а во своите редови ги донесе Египќанецот Омар Мармуш (75 милиони евра), Шпанецот Нико Гонзалес (60), Узбекистанецот Абдукодир Хусанов (40) и Бразилецот Витор Реис (37).

Најмногу заработи Порто, вкупно 110 милиони евра. Го продаде споменатиот Нико Гонзалес на Сити за 60, како и Бразилецот Галено на Ал Ахли за 50 милиони евра.

Во Топ 5 е и Чави Симонс. Тој е во Лајпциг од 2023 година, но досега играше како позајмен играч од Пари Сен Жермен. Овој јануари Германците дефинитивно го откупија неговиот договор за околу 50 милиони евра.

ПСЖ го продадоа со причина, бидејќи на тие 50 милиони додадоа уште 20 милиони и го доведоа одличниот грузиски репрезентативец Хвича Квараскелија од Наполи. Неговиот трансфер беше трет најскап оваа зима.

Интересна е и трансакцијата со германскиот второлигаш Нирнберг. Летово го доведе младиот Грк Стефанос Цимас на позајмица од Солун, за прво зимава да го откупи договорот од ПАОК за 18 милиони евра. Откако го откупија неговиот договор по неколку дена го продадоа на Брајтон за 25 милиони, со постигнат договор до крајот на сезоната да игра за Нирнберг во Цвајта.

Топ 30 трансфери во зимскиот преоден рок:

1. Џон Дуран (Астон Вила – Ал Наср) 77 милиони евра
2. Омар Мармуш (Ајнтрахт Франкфурт – Манчестер Сити) 75 милиони евра
3. Хвича Кварацхелија (Наполи – ПСЖ) 70 милиони евра
4. Нико Гонзалес (Порто – Манчестер Сити) 60 милиони евра
5. Чави Симонс (ПСЖ – Лајпциг) 50 милиони евра
6. Галено (Порто – Ал Ахли) 50 милиони евра
7. Абдукодир Хусанов (Ленс – Манчестер Сити) 40 милиони евра
8. Витор Реис (Палмеирас – Манчестер Сити) 37 милиони евра
9. Луис Хенрике (Ботафого – Зенит) 33 милиони евра
10. Сантијаго Хименез (Феенорд – Милан) 32 милиони евра
11. Патрик Доргу (Лече – Манчестер Јунајтед) 30 милиони евра
12. Ели Ваи (Олимпик Марсеј – Ајнтрахт Франкфурт) 26 милиони евра
13. Дониел Мален (Борусија Дортмунд – Астон Вила) 25 милиони евра
14. Стефанос Цимас (Нирнберг – Брајтон) 25 милиони евра
15. Џејден Филоген (Астон Вила – Ипсвич Таун) 23 милиони евра
16. Секо Фофана (Ал Наср – Рен) 20 милиони евра
17. Емануел Агбаду (Ремс – Вулверхемптон) 20 милиони евра
18. Клаудињо (Зенит – Ал Сад) 20 милиони евра
19. Амин Гуире (Рен – Олимпик Марсеј) 19 милиони евра
20. Стефанос Цимас (ПАОК – Нирнберг) 18 милиони евра
21. Паулињо (Атлетико Минеиро – Палмеирас) 18 милиони евра
22. Маршал Муњеци (Ремс – Вулверхемптон) 18 милиони евра
23. Антонин Кински (Славија П. – Тотенхем) 16,5 милиони евра
24. Кевин Денке (Серкл Бриж – Синсинати) 15,3 милиони евра
25. Максенс Какуер (Олимпик Лион – Комо) 15 милиони евра
26. Кристијан Медина (Бока Ј. – Естудијантес) 14,6 милиони евра
27. Роман Есе (Милвол – Кристал Палас) 14,2 милиони евра
28. Андреас Сков Олсен (Клуб Бриж – Волфсбург) 14 милиони евра
29. Брис Самба (Ленс – Рен) 14 милиони евра
30. Алберто Коста (Виторија – Јувентус) 13,8 милиони евра

Scroll to Top