Top Sport

Трансферот на Хамес 80 отсто е комплетиран

Трансферот на Хамес Родригез од Реал во Атлетико е речиси завршен, останале градските ривали да договорат уште некои ситни детал, тврди „АС“.

Хамес како најдобар стрелец на Светското првенство во Бразил пристигна во Реал. Неговиот трансфер од Монако во 2014 година изнесуваше 80 милиони евра. Колумбиецот во Реал никогаш не го покажа вистинскиот потенцијал, поради тоа две години беше на позајмица во Баерн Минхен, се врати во Мадрид на почетокот на оваа сезона меѓутоа не успеа да се избори за место во тимот.

Хамес самиот побарал трансфер, а како стојат работите ќе остане во Мадрид само ќе ги смени клупските бои. Атлетико и минатото лето беа заинтересирани за него, меѓутоа тогаш клубовите не се договорија.

„АС“ објави дека Атлетико за Хамес ќе платат 25 милиони евра. Сумата е помала бидејќи Колумбиецот влегува во својата последна година од договорот.

Scroll to Top