Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитќ во финишот на преодниот рок бил на чекор до трансфер во Јувентус, меѓутоа од Барселона во последен момент го одбиле предлогот на челниците на „старат дама“.
Јувентус планирале да го земат Ракитиќ за возврат да добијат 23 милиони евра и на „Ноу камп“ да го испрата Федерико Бернардески.
Играчите биле подготвени да ги сменат клубовите меѓутоа челните луѓе на Барселона го одбиле предлогот. Тие сметале дека условите на Јувентус не биле објективни, односно дека Јувентус барале премногу пари за Бернардески.
Сепак во Јувентус немале намера да се откажат од трансферот на Ракитиќ, а нова понуда биле подготвени да испратат во јануарскиот преоден рок.