Top Sport

Шпанците преку Италија до четврт-финале

Шпанија со одлично второ полувреме со  67:60 (18:18, 12:13, 20:17, 17:12) ја совлада Италија и обезбеди пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Кина.

Италијанците имаа одличен старт и направија предност од 15:5, но Шпанците успеаја да се вратат и на полувреме да се отиде со само поен предност на Шпанија (30:31). Сепак, во клучните моменти, Шпанците направија предност од осум поени, за да имаме интересна последна четвртина во која Шпанците имаа два поени предност (56:58) на две минути пред игра.

Со победата, Шпанија покрај Србија влегува во четврт-финалето. Хуанчо Ернангомез беше најефиксен за Шпанците со 16 поени, додека Галинари уфрли 15 за Италијанците.

Scroll to Top