Дани Алвес се уште нема клуб за новата сезона, откако по две години го напушти Пари Сен Жермен. Во меѓувреме тој како капите го предводеше Бразил до титулата на Копа Америка. Дани Алвеш беше прогласен за МВП на турнирот.
Десниот бек е најтрофејниот фудбалер во историјата на фудбалот. Титулата на Копа Америка со Бразил беше 40 трофеј во неговата кариера. Како играч на Севилја, Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен освоил се што може да се освои во клупскиот фудбал.
Бидејќи нема клуб за наредната сезона, Дани Алвеш, решил да се пошегува и да побара работа. На „Инстраграм“ тој објави порака која има се допадна на неговите пријатели.
„Барам работа. На кого треба да ми ја испратам мојата биографија? Тој што ќе има време да ја прочита нека ми се јави“, напишал Алвес.
Набргу на социјалните мрежи се огласиле од Тре Фиори, аматерски клуб од Сан Марино. Тие ми понудиле на Бразилецот да се пресели кај нив.
„Еј Дани. Ја видовме твојата биографија, не е лоша. Ние сме Тре Фиори најуспешната екипа во Сан Марино. Сакал ли да ни се приклучиш и на твојата листа да додадеш уште трофеи? Со задоволство ќе те пречекаме овде со добар фудбал и вкусна храна. Дани Алвес бара нов клуб и ова е нашиот предлог. Што мислите дали нашите успеси и нашите јадења ќе го натераат да дојде?“, порачале од Тре Фиори.