Вашингтон Визардс и Хјустон Рокетс го реализираа трејдот во кој франшизите ги разменија Расел Вестбрук и Џон Вол.
Покрај Џон Вол, Хјустон, добија и заштитен пик во првата рунда на драфтот во 2023 година. Доколку тој пик не биде реализиран тогаш Хјустон од Вашингтон ќе добие два пика.
Вестбрук беше играчот кој побара да биде разменет во друг клуб. Тој една сезона беше играч на Хјустон. Рас минатата сезона просечно по натпревар бележеше 27,9 поени, 7,9 скока и 7 асистенции.
Од друга страна Џон Вол се враќа на терените по две години, во кои се рехабилитираше од две тешки повреди. Последниот натпревар тој го одиграл на 26.декември 2018 година.