Тренерот Мани Гамера доби шестмесечна суспензија откако бурно прославуваше против својот поранешен клуб, соблекувајќи ги панталоните.
Гамера ги предводеше Миембани до 1:0 победа над Џангомбе во првата лига на Занзибар (дел од Танзанија), по што малку претера со прославувањето – истрча до противничките навивачи удирајќи се по градите, пред да се соблече и да ја покаже машкоста кон нив.
Тренерот се правдаше по инцидентот, велејќи дека навивачите на неговиот поранешен клуб го нарекувале „мајмун“.
„Тие ми извикуваа дека сум мајмун. Денеска, мајмунот ги соблече панталоните и тие не можат да направат ништо околу тоа. Јас сум и маж и татко“, изјави одлучно Гамера.
In Zanzibar coach Mani Gamera of Miembeni has been suspended for 6 months and fined circa $200 after his celebrations in his side’s 1-0 win over his former employers Jang’ombe. ⚽️?? pic.twitter.com/VEFoWs4UXF
— Salim Masoud Said (@salimosaid) February 21, 2020