Тежок инцидент се случил викендов во Шпанија, по завршувањето на натпреварот, на младинските тимови на Нас Костас Исоре и Реал Унион Тенерифе. Физички се пресметале фудбалерите на двата тима и нивните родители. Шпанските медиуми пишуваат дека еден од тренерите на Тенерифе бил тешко повреден.
На социјалните мрежи се појави видео и компилација од фотографии, од кои може да се забележи што се случувало.
Шпанското министерство за спорт побарало да се истражи инцидентот и да се казнат сторителите. Тепачката се случила пред стадионот.
„Луѓето кои се инволвирани во ваквите инциденти мора да се соочат со последиците. Среќа што вакви инциденти кај нас не се чести“, порачал советникот за спорт, Пол Сантос.
Otra vergüenza que sumar al deporte de nuestras islas. Anoche en Guía de Isora (Tenerife) 1/2 @nastcostaisora @RUT_OFICIAL pic.twitter.com/27Tu2w5i2t
— Todo Goles Radio (@TodoGolesRadio) February 17, 2022