Бизарна ситуација се случи на натпреварот меѓу Банфилд и Институто (1:1) во аргентинскиот шампионат. Банфилд на полувреме остана без тренер.
Тренерот на тимот од Буенос Аирес, Густаво Мунуа, откако неговиот тим губеше на полувремето, преку социјалната мрежа „Х“ дозна дека добил отказ.
Мунуа беше на тенок мраз бидејќи неговиот тим се наоѓа на 23-то место на табелата со само една победа во последните девет натпревари.
По серијата лоши резултати, навивачите направија хаос, незадоволни од работата на клупските челници.
Се уште не е познато кој би можел да го наследи Густаво Мунуа на клупата на Банфилд.
По поразот од Институто, Банфилд падна на 25=та позиција на табелата,