Во рамките на седмата сезона на Интернационалната детска социјална програма „Фудбал за Пријателство“, организирана од компанијата „Гаспром“ во која има учесници од 211 земји, се одржа фудбалска обука со најмногу националности во светот во Мадрид.
На крајот на обуката, Фудбал за Пријателство доби официјален сертификат „GUINNESS WORLD RECORDS®“.
Мигел Пуиг, извршниот директор на младинската академија на фудбалскиот клуб Барселона и Џозеф Гамбау, поранешниот тренер на младинскиот тим на фудбалскиот клуб Барселона, го одржаа тренингот во кој учествуваа претставници од 57 националности.
Тие им помогнаа на младите играчи да совладаат неколку нови трикови пред Финалето на Светскиот шампионат Фудбал за пријателство.
Постигнувањето на овој рекорд е значаен за програмата на Фудбал за Пријателство која има за цел промоција на вредностите на еднаквост на сите култури и националности.
За само 7 години, оваа програма доби 5 милиони поддржувачи од целиот свет, и обедини 6 илјади учесници од 211 земји. Не се сомневам дека ќе има многу победи во проектот Фудбал за Пријателство“, вели директорот на младинската Фудбалска академија на Барселона Мигел Пуиг.
На крајот од обуката, претседателот на одборот на директори на Гаспром, Виктор Зубков доби официјален сертификат од GUINNESS WORLD RECORDS® и им честиташе на младите учесници на Фудбал за Пријателство на новата глобална победа.
Еден од главните настани на програмата е Светскиот Шампионат Фудбал за Пријателство. Традиционално, Меѓународните тимови за пријателство во натпреварувањето обединуваат атлетичари на возраст од 12 години од различни националности, пол и физички способности. Финалето на Светскиот Шампионат ќе се одржи на теренот на УЕФА БО Плаза Мјор на 1 јуни.
Меѓународната детска социјална програма Фудбал за пријателство е имплементирана од Гаспром од 2013 година. Клучните вредности промовирани од страна на учесниците во програмата се пријателство, еднаквост, праведноста, здравјето, мирот, посветеноста, победата, традициите и честа. Фудбал за Пријателство е поддржано од УЕФА, ФИФА, Меѓународниот Олимписки Комитет, фудбалските федерации во различни земји, детските меѓународни добротворни фондови, познати спортисти и водечки фудбалски клубови во светот. Во минатите сезони, програмата спои преку од 6000 учесници заедно и стекна над 5 милиони следбеници, вклучувајќи познати спортисти, уметници и политичари.
Од Мадрид за „Топспорт“, Кристијан Ландов