Top Sport

Тренерите на Интер го караат Брозовиќ: Марцело, не сме во основно училиште!

По шпекулациите во италијанските медиуми дека во Интер планираат да го продадат Марцело Брозовиќ, хрватскиот репрезентативец доби лекција на тренинзите на „нераѕурите“ од тренерскиот тим на Симоне Инзаги.

Хрватот беше клучен играч за Интер во тимот кој ја освои титулата под Антонио Конте, но и минатата сезона под Симоне Инзааги. Но, по проблемите со повредите ова сезона, Хакан Чалханоглу ја доби неговата улога и е редовен стартер за тимот. По ова доаѓа денешниот инцидент на тренинзите, кога Фабио Риперт, еден од соработниците на Инзаги му порачува на Брозовиќ дека се однесува непрофесионално.

„Брозо, Брозо, обиди се да бидеш сериозен, те молам. Не сме во основно училиште тука“, му вели Риперт на Брозовиќ, кој претходно се шегуваше со неговиот најдобар пријател во клубот, Николо Барела.

Scroll to Top