Top Sport

Tренерот-ѓавол Бенел доби 31 година затвор

Судијата во Ливерпул го оцени поранешниот фудбалски тренер на јуниорите на Манчестер сити и Кру Александра, Бери Бенел како „чисто зло“ и му одреди 31 година затвор за сексуални напади над малолетници.

64-годишниот Бенел беше осуден за 43 дела против 11 момчиња од осум до 15 години од 1979 до 1991 година, а тој призна дека сексуално нападнал три момчиња. Судијата Клемент Голдстоун изјави дека треба да се направи пример од него.


„За тие деца Вие бевте Бог. Но, во реалноста вие бевте вистински ѓавол. Го украдовте нивното детство за задоволување на вашите перверзии. Ако тие се опираа, тогаш се заканувавте за нивните фудбалски кариери. Вие сте чисто зло“, изјави судијата.

Неговите поранешни клубови го осудија Бенел. Манчестер сити уште во 2016 година изврши внатрешна истрага за случајот, додека Кру Александра најави дека ќе има „постојана поддршка и соработка со полицијата и со жртвите“.

Scroll to Top