Тренерот на шпанскиот второлигаш Културал Леонеса, Рубен де ла Барера може да добие суспензија од 10 меча, откако доби црвен картон поради спречување на контра-напад на противниците од Албасете.
Де ла Барера реши да дојде до аут-линијата и да ја „закачи“ топката по која трчаше фудбалерот на Албасете, и веднаш доби црвен картон од судијата Хозе Лопез. 33-годишниот тренер се бранеше за постапката.
„Се работеше за инстинкт. Мислев дека топката е во аут и зборував со судијата и се надевам дека и тој ќе го забележи тоа“, изјави Де ла Барера.
Според локалниот весник „Диарио де Леон“, Де ла Барера го чека казна од 10 меча, слична како на поранешниот тренер на Леганес, Енрике Монреал, кој исто така спречи напад на меч против Бадахоз во сезоната 1999/00. Уште поиронично, Монреал сега е тренер на Албасете.
Културал, инаку, се борат за опстанок во втората лига со три поени зад „безбедната зона“.