Фудбалскиот клуб Динамо Загреб го продолжи договорот со тренерот Ненад Бјелица до јуни 2021 година. Бјелица ќе работи за годишна плата од 1,5 милиони евра, со што стана тренер со најголема плата во регионот.
Претходниот рекорд го држеше Вахид Халилхоџиќ, кој во минатото во Динамо Загреб имаше годишен нето приход од 900.000 евра.
„Се надевам дека со помош на навивачите ќе го направиме Динамо уште поголем и посилен. Летвичката е високо подигната, но со многу работа можеме да биде уште подобри. Чест ми е што сум тренер на Динамо“, рекол Бјелица.
Бјелица е креатор на најуспешната сезона во поновата историја на клубот, Динамо ја освои шампионската титула, а во Лига Европа успеа да стигне до осмина-финалето.