Сезоната првенството на Холандија заврши со големо разочарување за Ајакс. Иако поголемиот дел од годината го поминаа на врвот на табелата, успаја да испушта предност од едвет бода во последните пет кола.
Ајакс ја заврши сезоната со победа над Твенте, но тоа не беше доволно за да се подобри впечатокот по катастрофалните резултати во април и мај.
Тренерот Франческо Фариоли, кој го презеде Ајакс минатото лето со големи амбиции, потврди по последното коло дека го напушта клубот. Информацијата ја потврди Ајакс преку објава на официјалната веб-страница на клубот.
Во последното коло, кога Ајакс го победи Твенте и но сепак остана без титулата, Фариоли отиде да ги поздрави навивачите заедно со играчите, но во тој момент се расплака на тревникот.
Франческо Фариоли беше тренер на Алањаспор и Фатих Караѓумрук во Турција, на Ница во Франција, а потоа го презеде Ајакс во летото 2024 година. Пред неговата самостојна кариера, работеше како асистент на Роберто Де Зерби во Беневенто и Сасуоло.