Top Sport

Тренерот на Ајнтрахт остана без возачка – „летал“ на автопат со 200 на час

Тренерот на Ајнтрахт Франфурт, Австриецот Ади Хитер (51) ќе биде без возачка дозвола 4 месеци поради брзо возење на автопат во Германија. Тој на дел од автопатот кој поминува крај Франкфурт, каде ограничувањето е 100 километри на час, возел со брзина двојно повисока од дозволената, со својот автомобил марка „porsche macan“.

Засега не се соопштува колкава парична казна ќе заработи стратегот кој од 2018 година е на клупата на Ајнтрахт, каде тогаш го замени Хрватот Нико Ковач.

По крајот на сезонава, Хитер го напушта Франкфурт и се сели на клупата на Борусија Менхенгладбах, клуб кој за отштета од 7.5 милиони евра го доведе стратегот во своите редови.

На три кола до крајот на сезоната во Бундеслигата, Ајнтрахт е четврти на табелата и доколку заврши на таа позиција, идната сезона ќе игра во ЛШ.

Scroll to Top