Top Sport

Фоњини бара од АТП да му се извинат, неправедно бил дисквалификуван

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини беше дисквалификуван од тенискиот турнит што завчера заврши во Барселона поради навреди упатени кон линискиот судија на мечот што тој го играше против Сапате Мираљес.

Фоњини и понатаму е лут поради одлуката затоа што, како што вели, немал намера никого да навреди и смета дека не ја заслужил дисквалификацијата.

„Не го навредив линискиот судија. Бев фрустриран, лут, зборував сам со себе. Се колнам во своите деца кои ги сакам најмногу на светот“ објасни Италијанецот.

Тој смета дека е оштетен и бара извинување од АТП.

„Парите и бодовите не ме интересираат. Ми го нарушија угледот, ја расипаа мојата слика која ја имам кај спонзорите.
Сакам да ми се извинат поради оваа грешка. Доколку мојата жалба биде отфрлена, ќе направам се што е во моја моќ, ќе ангажирам и адвокати и ќе барам надоместок од АТП за повреда на угледот. Не ми е проблем да признаам кога ќе погрешам, но овојпат не сум јас во прашање“ вели тенисерот.

Поради дисквалификацијата, одземени му се бодовите освоени на турнирот, а мораше да плати и парична казна.

Фоњини е дисквалификуван во Барселона – го пцуел линискиот судија

Scroll to Top