Тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини рекол дека го имал коронавирусот пред реванш мечот со Валенсија во Лигата на шампионите одигран на 10 март во Валенсија. кој подоцна беше наречен „биолошка бомба“.
Првиот меч се одигра на 18 февруари. Аталанта во Милано ги игра своите натпревари во Лигата на шампионите бидејќи стадионот во Бергамо не ги исполнува строгите критериуми на УЕФА. Против Валенсија голем број жители на Бергамо беа во Милано да го проследат првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите кој заврши со победа на Аталнта 4:1.
Според епидемиолозите голем број луѓе се заразиле на тој натпревар, а тренерот на Атланта Гасперини изјавил дека бил болен во тој период.
„Се разболев ден пред реваншот, а состојбата ми се влоши непосредно пред мечот. Доколку ги погледнете снимките ќе видите дека на клупата не се чувствувам баш најдобро. Беше 10 март кога не можев да спијам и немав температура, но се чувствував како да ја имам. На секои две минути слушав сирени на Брзата помош. Често се прашував што ќе ми се случеше доколку заминев во болница. Потоа на 14 март го имав најтешкиот тренинг во животот, претрчав 10 километри и уште еден час возев велосипед. Беше супер“, рекол Гасперини.