Менаџерот на англискиот премиерлигаш Барнли, Шон Дајч, има „зарипнат“ глас бидејќи јаде црви, вели неговиот поранешен соиграч, данскиот напаѓач, Сорен Андерсен.
Поранешниот напаѓач на Бристол сити, Андерсен во интервју за данскиот фудбалски сајт „Фодболдминистериет“ открива што се случувало на тренинзите.
„И тогаш го имаше истиот глас. Можеби поради тоа што јадеше црви на секој тренинг. Тоа беше ужасно. Никогаш не сум искусил такво нешто. Одеднаш ќе најдеше црв и го јадеше! Беше грозно и многу чудно. Како играч беше добар, уживав во играњето, но тоа со црвите беше навистина одвратно. Дали тоа му беше провокација, навистина не знам. Најверојатно излегува на терен половина час пред сите и јаде црви. Не е човек со кој би сакал да делиш оброк“, изјави Андерсен.
И покрај ова, 47-годишниот Андерсен вели дека се познавала желбата и посветеноста, која морала да донесе успех.
„Тој не прифаќаше компромиси. Но, како и повеќето Англичани, беше џентлмен. Имаше одлична слика за фудбалот и знаеше што треба да се направи. Никогаш немаше конфликти со него“, додава Андерсен.