Top Sport

Тренерот на Бенфика, Жорге Жесус е заразен со коронавирус

Тренерот на португалска Бенфика, Жорге Жесус е заразен со коронавирусот, потврдија денеска од клубот од Лисабон. 66-годишниот стратег има респираторна инфекција предизвикана од Ковид 19. Сепак, ситуацијата му е стабилна и ќе биде во изолација наредните две недели.

Со оглед на симптомите на респираторната инфекција, Жесус синоќа не беше на клупата на Бенфика при победата од 3-0 над Белененсес во четвртфиналето на Купот на Португалија.

Стратегот на екипата ќе го пропушти и лисабонското дерби против Спортинг, во понеделник во рамки на 16. коло од домашниот шампионат.

Бенфика во моментов е трета на табелата и заостанува 6 бода зад првопласираниот Спортинг.

Scroll to Top