Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Бос одговори луто на прашањата дали верува дека има иднина во клубот, посочувајќи дека во кариерата имал и потешки предизвици.
Откако имаше фантастичен старт на сезоната со Дортмунд, формата на тимот на Холанѓанецот доживеа драстичен пад и сега БВБ се само петти на табелата со шест лигашки меча без победа. Најболниот резултат беше минатиот викенд, кога локалните ривали Шалке се вратија од 4:0 за 4:4 на „Сигнал Идуна парк“, предизвикувајќи ги лутите навивачи да влезат на теренот.
Пред гостувањето кај Баер Леверкузен, германските новинари беа директни – дали тој смета дека има иднина во тимот.
„Што мислите дека ќе кажам сега? Не, не верувам? Со поставувањето на прашањето сами си одговоривте. Секако дека верувам во мојот тим. Тие шпекулации можат само да ми наштетат. Би сакал работите да се поинакви, но се концентрирам на мојата работа. Бев тренер на помалку клубови, а кога се борите за опстанок, имате далеку полош притисок отколку тој што го имам сега. Тогаш се работи за работните места на луѓето во клубот“, објаснува Холанѓанецот, кој во кариерата беше тренер на Ајакс, Макаби Тел Авив, Витесе, Хераклес Алмело и Де Графшап.
Бес и шок во Дортмунд – фановите на БВБ се обидоа да влезат на теренот (видео)