Top Sport

Тренерот на Бриж брутален: ПСЖ се „повисока класа“ од Реал

Тренерот на белгискиот Клуб Бриж, Филип Клемен вели дека мечот против Пари Сен-Жермен на домашен терен е многу посериозен предизвик отколку гостувањето кај Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Бриж успеаја да дојдат до 2:2 реми на „Сантијаго Бернабеу“ во меч во кој имаа 0:2 водство и Клемен вели дека ПСЖ е „чекор погоре“ од славниот шпански клуб.

„Поен против ПСЖ би било вистинско достигнување, можеби дури и чудо. Тие се тим кој го победија Реал Мадрид со 3:0 и тоа кажува многу. ПСЖ се чекор погоре од Реал“, вели Клемен на прес-конференцијата пред утрешниот меч.

ПСЖ водат во групата со 6 поени, Бриж има два поени (две ремија), додека Реал и Галатасарај имаат само по еден поен.

„Можевме да имаме четири ли дури шест поени  и ќе бевме во сосема поинаква ситуација. Но, сега е најважно да се игра против ПСЖ и рано е за калкулации. Ќе се обидеме да се квалификуваме“, додава Клемен.

Scroll to Top