Top Sport

Тренерот на Димитриевски доби отказ

Рајо Валјекано му врачија отказ на тренерот Мичел. Мичел е поранешен играч на овој клуб од предградието на Мадрид, а на тренерската функција беше од 2017 година.

Серијата од седум последовни порази му пресудија на тренерот на клубот, чии дрес го носи и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитиревски. Рајо во неделата беа поразени од Вилјареал, тим што исто така се бори за опстанок во Ла Лига.

Рајо Валјекано по 28 кола се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата.

Scroll to Top