Top Sport

Кличко добива 80 милиони долари доколку се врати во рингот

Стриминг платформата ДАЗН, на поранешниот светски првак во тешка категорија, Владимир Кличко, му понудиле 80 милиони долари за да се врати во рингот, објавија украинските медиуми.

ДАЗН речи двојно ја зголемиле претходната понуда, која изнесуваше 42 милиони долари, а доколку 42-годишниот Украинецот ја прифати истата тогаш ќе потпише договор за три борби.

Првиот меч би бил против боксер кој се наоѓа во Топ 10 на светската листа, втората на „Вембли“ против Ентони Џошува, од кого во 2017 година ги загуби титулите и третата против Тајсон Фјури.

Првиот од трите меча би можел исто така да биде организиран во Лондон, но само под услов противник да му биде британски боксер.

Според деталите од договорот Кличко би имал процент од продажбата на телевизиските права и влезници.

Во исто време, ДАЗН, бара од Кличко одлуката да ја донесе до крајот на овој месец. Според плановите првиот меч, доколку Кличко ја прифати понудата, би бил на 25 мај или 1 јуни.

Scroll to Top