Јулијан Нагелсман, најмладиот тренер во Бундеслигата, изминатите недели се споменуваше како наследник на Карло Анчелоти во Баерн, а сега е во центарот на вниманието поради инцидент кој го предизвика.
Хофенхајм загуби од Борусија Менхенгладбах (1:3), а Негелсман во налетот на нервоза фрли шише во рекламите, но погоди еден навивач.
Младиот тренер потоа се извини за својот како што го нарече „глупав гест“.
„Тоа беше ужасно глупав потег кој не смееше да се случи и кој нема да се повтори. Сакав да ги погодам рекламите, но шишето ми се закачи за ракавот. Секако дека немав намера да фрлам кон навивачите. Многу ми е жал за се што се случи“, рекол Нагелсман.