Лион и Манчестер јунајтед одиграа 2:2 во првиот четвртфинален натпревар во Лига Европа. Дмашниот тим од пораз се спаси буквално во последните секунди кога Шерки ја искористи лошата реакција на голманот Онана. Голамнот на Манчестер јунајтед, предтхдно беше виновен и за првиот гол, во 26.минута, кога ужасно реагираше по центаршутот на Алмада.
Се чини дека Немања Матиќ беше целосно во право, кога реагираше на изјавата на Онана дека Манчестер јунајтед е многу подобар тим од Лион.
„Онана го кажа тоа? Кога си еден од најлошите голмани во модерната историја на Манчестер јунајтед, мора да внимаваш што зборуваш“.
Српскиот играч за врска не застана тука.
„Да го кажеа тоа Давид Де Хеа, Петер Шмајхел или Едвин ван дер Сар, можеби ќе се запрашав. Но, кога ќе дојде од некој со статистика како онаа на Онана… не би му придавал преголема важност“, вели Матиќ.
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, по натпреварот мораше да одговара на новинарските прашања поврзани со лошата партија на Онана. Португалецот застана во одбрана на Онана и се обвини себеси:
„Ако ја погледнете оваа сезона, јас направив многу повеќе грешки од моите играчи. Тоа се случува“, рече Аморим и продолжи: „Може да му се случи на секој кој игра многу натпревари. Ако играте многу, ќе направите грешки“.
Реваншот на „Олд Трафорд“ на програмата е наредниот четврток.