Top Sport

Тренерот на Лион бркал тинејџер по улица (Видео)

Тренерот на францускиот прволигаш Олимпик Лион, Бруно Женесио, изминатиот викенд предизвикал скандал на улиците на овој град. Додека тренерот шетал со својата ќерка едно момче, на девојката и се обратило со непристојни зборови, по што Женесио збеснал.

Тренерот го бркал и пцуел момчето, а поголем инцидент спречиле луѓето што биле в придружба на Женесио.

Тој тргнал да го брка тинејџерот, но не успаел да го стигне. Медиумите тврдат дека намерата на момчето била да го искаже незадоволството од лошите резултати на Лион на почеток, на сезоната.

Scroll to Top