Top Sport

Тренерот на Парма за Кулушевски: Сега треба да покаже „ниво“ на Јувентус

Тренерот на Парма, Роберто Д’Аверса го предизвика Дејан Кулушевски да покаже дека Јувентус биле во право кога решиле да платат висока сума за него.

Јувентус платија 44 милиони за Кулушевски, инаку фудбалер на Аталанта кој до крајот на сезоната ќе остане во Парма како позајмен фудбалер. Шведскиот фудбалер со македонско потекло не беше најдобар при 1:1 ремито со Торино во саботата и Д’Аверса признава дека не е импресиониран.

„Зборував со него. Иако е многу млад, многу е зрел и знае да покаже почитување. Како Дејан, има и други фудбалери кои се на позајмица. Разликата во тоа што го заработува оваа сезона и следната ќе му тежи. Сега мора да покаже дека Јувентус беа во право што инвестираат во него“, вели Д’Аверса.

Scroll to Top