Top Sport

Денот кога Ривалдо го постигна „најјакиот“ хет-трик во историјата (видео)

Ривалдо останува „икона“ на „Ноу Камп“, и навивачите на Блауграна никогаш нема да заборават што направи за нив Бразилецот во последниот меч од сезоната 2000/01.

Барселона и Валенсија се сретнаа на „Ноу Камп“ во меч кој одлучуваше кој ќе го грабне четвртото место на табелата во Ла лига и место во Лигата на шампионите. Но, не беше едноставно – Валенсија се држеше херојски и имаше 2:2 во финишот на мечот, кога Бразилецот го постигна својот трет гол – неверојатен удар со ножички надвор од шестнаесетникот, оставајќи го немоќен Сантијаго Кањизарес.

„Не беше лесно, бидејќи бев толку далеку од голот, така што би го нарекол тоа совршен удар“, изјави години подоцна Ривалдо.

Scroll to Top