Пари Сен-Жермен се целосно подготвени за гостувањето на европскиот шампион, Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“ во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите, најавува нивниот тренер Унаи Емери.
Тренерот прати порака до фановите на тимот, барајќи поддршка за дуелот со Реал, но и со вечните ривали Марсеј во Ла лига 1.
„Во повеќето мечеви оваа сезона покажавме дека знаеме да победуваме, но тоа е посебно така на ’Паркот на принцовите’ и таму се чувствуваме како голема сила, како што видовме во 17-те победи. Марсеј и Реал Мадрид знаат дека мораат да дојдат во Париз, но не знаат што ги чека. Тие два големи натпревари ќе не вратат. Нашиот тим е сигурен, но овие два натпревари се посебни. Од основањето на ПСЖ ги победивме Марсеј повеќе од 20 пати дома“, вели Емери за официјалниот веб-сајт на ПСЖ.