Top Sport

Тренерот на Раднички исклучен за жонглирање! (видео)

Раднички Ниш со 4:0 го декласираше клубот од Малта, Гзира во квалификациите за Лигата Европа, но најбизарниот момент се случи кога тренерот на домашниот тим, Ненад Лалатовиќ доби црвен картон за жонглирање!

Поранешниот капитен на Црвена звезда, при крајот на мечот „доби“ една топка, по што реши да покаже дека уште не ги загубил фудбалските квалитети, со одличен потег. Судијата не беше импресиониран и му покажа црвен картон.

„Сакав да им направам шоу како Пикси во Кина. Се извинувам на гостите од Малта, но ова не требаше да ги навреди. Ниш е фудбалски град“, изјави Лалатовиќ.

„Инцидентот“ на Драган Стојковиќ-Пикси за кој зборува, исто донесе црвен картон за српската фудбалска легенда. Тоа можете да го погледате на видеото подолу, кога Пикси беше исклучен бидејќи постигна фантастичен гол од тренерската позиција.


Scroll to Top