Тренерот на украинскиот шампион Шахтјор Доњецк, Пауло Фонсека го исполни ветувањето и носеше маска на Зоро на прес-конференцијата по 2:1 победата над Манчестер сити, со која тие влегоа во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Фонсека изјави дека ако неговиот тим влезе меѓу најдобрите 16, ќе носи костум по последниот меч, и Португалецот го исполни тоа, откако Шахтјор успеа да го „прескокне“ Наполи и Феенорд за импресивен пласман.
„Ова е најсреќната прес-конференција во мојот живот. Многу сум радосен. Мислам дека сите Украинци треба да се среќни за нашиот успех“, вели Фонсека, откако и неговиот преведувач се маскираше.
Украинскиот тим може да се судри со Манчестер јунајтед, ПСЖ, Рома, Барселона, Ливерпул, Бешикташ или Тотенхем во ждрепката во понеделник.